9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаРисте Бањоглав со години во битка со извршителите за да си ја...

Ристе Бањоглав со години во битка со извршителите за да си ја спаси куќата

spot_imgspot_img

Во организација на здружението „Стоп за грабежот“ денеска во селото Долни Балван, Општина Карбинци, одржан е протест во знак на поддршка на Ристе Бањоглав во неговата неколкугодишна борба да си го зачува домот. Од здружението „Стоп за грабежот“ денеска ги повикаа институциите да реагираат.

Денеска се протестираше против извршувањето на решението за одземање на куќата на Бањоглав и против сите слични неправични постапки во Македонија. Од здружението велат дека има пропусти во извршувањето, а државата мора да ги менува законите должниците да не мора да плаќаат камати повеќекратно повисоки од главнииот долг.

 

Присутните на протестот побараа обвинтелството да се изјасни за пријавата за лихварство, извршителите да се вратат во судовите и да не се дозволи да се губи единственото место за живеење поради долг.

Пред шест години Бањоглав зел пари на заем од роднина, како залог ја оставил куќата, што била на неговата мајка. Заемот бил околу десет илјади евра, а тој досега на лихварот му вратил многу повеќе. Платил речиси двојно и пак е пред губење на домот затоа што во катастар сопственик на земјиштето е веќе некој друг.

За Бањоглав пишувавме и пред две години.


mkd

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...