11.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаОгласените возила не се во сопственост на Кабинетот, фотографиите се направени без...

Огласените возила не се во сопственост на Кабинетот, фотографиите се направени без дозвола

spot_imgspot_img

– Во врска со написите дека на портал за огласување се продаваат возила фотографирани во делокругот на Вила Водно, од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски информираат дека се работи за возила кои не се во
сопственост на Кабинетот, ниту во употреба за претседателот, службите за негова поддршка, или пак во сопственост на вработените во Кабинетот.
Според информациите со кои располага Кабинетот на претседателот, се работи за возила на сопственик на компанија ангажиран од страна на ОБСЕ/ОДИХР, при средба на шефицата на ОБСЕ/ОДИХР мисијата за набљудување на изборите во март 2020 година со претседателот Пендаровски.

„Фотографиите се направени без дозвола и знаење на Кабинетот на претседателот, а против лицето ќе биде поднесена пријава за недозволено фотографирање на претседателскиот кабинет. Воедно ќе бидат информирани и претставниците на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...