14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаЗабаваСрпските власти прскале против комарци, но народот помислил дека прскаат за ''корона''...

Српските власти прскале против комарци, но народот помислил дека прскаат за ”корона” па им го искршиле автомобилот.

Една од најопасните служби во Србија не се пожарникарите ниту медицинскиот персонал кој е во првиот ред во борбата со ковидот, туку оние што прскаат за комарци. Излудени од теории на заговор и општ пандемиски хаос, луѓе почнуваат да ги напаѓаат тие екипи сомничејќи ги дека ги трујат со нешто. Со што? Со нешто де.

„Уште еден грд викенд за Градска чистота“, заклучува Политика информирајќи дека неколку екипи на ова комунално претпријатие биле нападнати последниот викенд додека биле на задача на терестријално прскање против возрасни форми на комарци.

Нападите – засега – се чинат неорганизирани и се дело на напнати граѓани кои се убедени дека прскањето против комарци е само маска луѓето да бидат труени. Тоа што никој не умее да објасни со што и – уште поважно – зошто некој би ги труел луѓето од, на пример, општина Гроцка, не ги спречува да ја земат правдата со свои раце и како знаат и умеат да ги спречат екипите да ја извршат работната задача. Храбри и голораки Срби им ги кршат шофершајбните со камења и се расправаат со луѓето кои често се принудени да побараат полициска асистенција.

„Верувам дека поедини сограѓани се искрено уплашени за своето здравје но наавистина е неосновано да веруваат дека сузбивањето на комарците може негативно да влијае на нивното здравје. Тоа се одвива со децении а денес се користат препарати кои се апослутно безбедни. Во секој случај, стравот не може да биде оправдување за физичко насилство врз нашите луѓе,“ порачуваат од секторот за екологија на јавното претпријатие.

Некој лик (баш во таа Гроцка) го сопрел специјализираното возило на Чистота и не само што инсистирал да види налог и спецификација со што и за што се прска, туку им дал до знаење дека му е кристално јасно дека се работи за тероризам врз недолжното население. Кога му рекле дека се дојдени за комарците, ликот им рекол дека нему комарците ама баш ич не му пречат и дека сака да има комарци, со тоа што им се заканил дека ако уште еднаш дојдат „нема живи да излезат од улицата“.

Извор: off.net.mk

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...