34.9 C
Ohrid
понеделник, јули 15, 2024
ПочетнаМакедонијаИ Заев и Мицкоски убедени се во победа на локалните избори

И Заев и Мицкоски убедени се во победа на локалните избори

И премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјавија дека очекуваат да победат со своите коалиции на претстојните локални избори.

– Ние ќе победиме и на градоначалничките места, во вкупен број, и во вкупен број на советничките места во државата, и во вкупен број на гласови, а ќе победиме и во градот Скопје. Затоа што сме Влада која помогнала на општините и искрено верува во општините, рече Заев на вечерашниот ТВ дуел со Мицкоски.

Нивниот став, како што рече премиерот, е да го понудат најдоброто за секоја општина и во делот на кандидатите за градоначалници и во делот за советници, како и најдобрите програми.

– Анкетите што го покажуваат трендот како се случува, така ќе се случи и на овие избори, јас немам дилема. Затоа што треба да спроведеме успешна кампања, да ги доближиме сите проекти, идеи, визии, а секако и личноста на кандидатите пред граѓаните за да може да ги мотивираме да излезат на гласање и да изберат што е најдоброто за нивната општина. Во еден таков аспект настапуваме и со најбројната коалиција, ние сме со 22 политички партии, дополнително, ДУИ, БЕСА и ДПА и тоа е Коалиција на иднината, нагласи Заев.

Од друга страна, како што рече, е „коалиција која ја нарековме политички брак која ќе доживее развод“.

– Мислам на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива. Сите знаат дека е неприродна и направена за политички цели да се направат максимални обиди колку што може поизвесно да се направи исполнување на желбата да се биде на власт, рече Заев.

Мицкоски, пак, истакна дека победата на опозицијата на овие локални избори не е доведена под знак прашање.

– Тоа е крајот на оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ и јас сум убеден, не само за тоа што граѓаните навистина тоа ќе го кажат туку затоа што едноставно не сме сите исти. Дека сме различни и дека тоа што ние го нудиме е еден нов квалитет, луѓе кои за првпат ќе ја бараат довербата на граѓаните, најголемиот дел од кандидатите за градоначалници кои ги предложи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за првпат настапуваат 95 посто, 96 посто се млади луѓе, луѓе во средни години, луѓе кои се мотивирани и храбри и коишто имаат визија, план, проект за општината која планираат во иднина како градоначалници да ја застапуваат пред граѓаните и јас сум убеден дека граѓаните тоа ќе го препознаат бидејќи сосема спротивно на тоа е она што го нуди СДСМ. Ние како опозиција комплетно ќе ја делегитимираме оваа неспособна Влада, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ, според него, ќе освои поголем број градоначалници од СДСМ и повеќе гласови и на советнички листи.

Коалицијата со Села и Гаши, како што додаде, е коалиција против корупција.

– Таа не е коалиција брак, туку тоа е коалиција против корупција која треба да ја води владата во Македонија и таа влада има сериозни намери да ги расчисти криминалот и корупцијата која се случуваше изминативе четири години. Коалицијата против корупција ќе ве порази вас и сите останати бидејќи сте до гуша заглавени во криминал, рече Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кумановец два пати ја мажел малолетната ќерка за пари, сакал и трет но таа избегала и пријавила во полиција

Таткото на малолетна кумановчанка два пати ја мажел за пари. Се обидел истото да го направи и по трет пат се додека таа не...

Фатиме Фетаи стана доктор на науки

Обвинителката Фатиме Фетаи го одбрани докторскиот труд на тема „Главна расправа во практиката – предизвици и дилеми“ на правниот факултет „Јустинијан Први“. На одбраната,...

Градоначалникот Пецаков: На мое големо задоволство, заедно со премиерот Христијан Мицкоски денеска официјално го означивме почетокот на изградбата на новата спортска сала во ООУ...

На мое големо задоволство, заедно со премиерот Христијан Мицкоски денеска официјално го означивме почетокот на изградбата на новата спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“...

Мицкоски од Охрид: Започнуваат значајните проекти кои им беа ветени на граѓаните.

Денес сум во Охрид каде започнуваат значајни проекти ветени на граѓаните. - Ветивме и остваруваме - камен темелник на спортска сала во Лескоец. Спортската...