14.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаМаксим: Оливер пола полиција ми ја прати, ама кумановци кичма не виткаат

Максим: Оливер пола полиција ми ја прати, ама кумановци кичма не виткаат

spot_imgspot_img

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во вечерашното гостување на Телма изјави дека ќе победи на локалните избори, и покрај, како што вели, притисоците од власта.

Притисоците во Куманово нема да поминат. Ги има, евидентни се, пола МВР е во Куманово веќе, но не е важно. Ние кумановци не виткаме кичма. Не менуваме историја и не дозволуваме да ни бришат плочи, не дозволуваме да ни бришат минато. Дефинитивно ќе продолжиме да правиме прогрес за нашиот град и нашите граѓани, бидејќи тие го заслужуваат тоа – рече Димитриевски.

Тој одлучи да настапи како независен кандидат без да ја почека одлуката на матичната партија СДСМ, која после тоа го исклучи од членството, а во Куманово одлучи да истрча со Оливер Илиевски.

-И јас учествував во кампањата кога градоначалник стана Димитриевски со надеж дека програмата ќе се реализира, но тоа не е направено. Во партијата имаше воспоставено мерит-систем за избор на кандидат за градоначалник и јас бев на прво место според постигнатите резултати на позициите што сме ги имале – рече Илиевски, посочувајќи дека бил награден како најдобар работник во банката каде своевремено работел.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...