2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаНаместо попусти за Black Friday, dm организира хуманитарна донација против насилство врз...

Наместо попусти за Black Friday, dm организира хуманитарна донација против насилство врз жените и семејното насилство.

spot_imgspot_img

#GIVINGISTHENEWBLACK

Трета година по ред го менуваат трендот: Наместо обезбедување на попусти за Black Friday, на 26 ноември 2021 година, под слоганот „Giving is the new black”, dm ги заменува попустите со хуманитарна донација!

„Водени од филантропскиот принцип, кој е длабоко вкоренет во нашата компанија, ќе се стремиме да ја искористиме нашата позиција на пазарот за создавање на подобро место за живеење за сите нас.“ Вака гласи една изјава од компанијата dm дрогерие маркт, а дека ова не се само празни зборови, покажуваат по којзнае кој пат активностите кои компанијата ги презема на дело.

Оваа година dm донираа 5% од вкупниот промет остварен на овој ден од сите свои дрогерии, на националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство ,,Глас против насилство’’. Мисијата на мрежата е справување со проблемите на насилство врз жените и семејно насилство.

Минатата година, со помош на своите купувачи и фанови, преку акцијата за Black Friday, dm донираше 750 пакети со храна за социјално-загрозени сограѓани, а во 2019, кога за прв пат се организираше оваа акција беа вложени 300.000 денари во обнова на медицинските апарати во Клиничкиот центар во Штип.

Затоа, сите вие кои сакате да направите добро дело, ве покануваме да се приклучите кон оваа кампања на dm со пазарување во нивните дрогерии во петок, на 26 ноември и да придонесете заедно да го кренеме гласот против семејното и насилството врз жените.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...