16.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаЗабаваПозната актерка позираше гола со синот, па заврши во затвор (ФОТО)

Позната актерка позираше гола со синот, па заврши во затвор (ФОТО)

Актерката од Гана, Роузмонд Браун (32), попозната во Африка по уметничкото име Аквапем Поло, ќе ги помине следните три месеци во затвор поради една објава на социјалните мрежи, пренесува Њујорк пост.

Таму минатата година позираше гола со синот кој имаше долна облека, а фотографијата ја објави на Инстаграм како честитка за седмиот роденден на своето дете.

Фотографијата набрзо стана вирална во Гана, не им се допадна на властите, па 32-годишната мајка заврши на суд.

Иако, како што и самата рече, очекувала „да се извлече“, судијката Руби Ариети одлучи поинаку.

– На судот му пречи ваквиот тип на објавување на социјалните мрежи. Зголемувањето на објавувањето на голи материјали во последните години е неверојатно. Ова е и предупредување и порака до другите да не прават вакви работи – напишала судијката во своето објаснување.

Првичната казна ја доби во четвртиот месец, но по празни жалби и други правни постапки, процесот се одолговлекуваше до декември, кога беше потврдена казната.

– Сине, знај дека те сакам најмногу на светот. Биди добар додека не се врати мама. Знајте дека се е во божји раце – изјави актерката по пресудата.

Поддршка добила од бројни колеги, а најгласна била раперката Карди Б.

– Гледам многу семејства во САД како позираат во вакви пози. Не ми се допаѓа, не е моја работа, но мислам дека нема злоупотреба за која таа е обвинета. Мислам дека тоа е само натурализам. Затворската казна сепак е преголема. Можеби ќе и додели условна казна за социјалните мрежи – напиша тогаш раперот.

И додека мама Поло е во затвор, нејзината колешка актерка ќе се грижи за нејзиниот син.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...