6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаДимитров побарал апанажа: Живеам од плата, не сум како другите што имаат...

Димитров побарал апанажа: Живеам од плата, не сум како другите што имаат свои бизниси.

spot_imgspot_img

Од министрите и замениците министри кои не станаа дел од владата на Ковачевски тројца побарале апанажа, еден вицепремиер, еден министер и еден заменик.

Според А1он, станува збор за екс вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, потоа  Аријанит Хоџа кој беше министер за земјоделие, и Седат Сулејмани кој беше заменик министер за култура.  Тие во наредните 9 месеци ќе треба да земаат апанажа.

Димитров изјавил дека пред да влезе во владата откажал ангажман во меѓународен институт во Париз и дека живее од плата

– Не сум од тие кои покрај работата имаат бизниси. Додека не се организирам ќе користам апанажа, изјавил Димитров за А1он.

Апанажа нема да зема Ирена Стефоска која се вратила на академската кариера, а познато е дека Венко Филипче ќе се врати на клиника, додека претходно беше објавено дека Зоран Заев ќе работи во семејните фирми.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...