12.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаПтичјиот грип се појавил откако заразен див корморан прелетал над Штип?!

Птичјиот грип се појавил откако заразен див корморан прелетал над Штип?!

spot_imgspot_img

Агенцијата за храна и ветеринарство попладнево ги доби резултатите од лабораториските испитувања на Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, со кои кај мостра од дива птица – корморан од Штипско, е потврдено присуство на болеста авијарна инфлуенца (птичји грип).

За утврдување на поттипот на сој на вирусот, кој не е детектиран на фарма, туку кај дива пцовисана прелетна птица најдена во природата, ќе се спроведат дополнителни лабораториски испитувања.

Пријава за сомнеж на случај, АХВ доби на 18 февруари, кога од страна на ветеринарно друштво од Штип, мострата од дивата прелетна птица е доставена за лабораториско испитување во Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува решение, со кое ќе се спроведат соодветни мерки за заштита од ширење на вирусот и негово ставање под контрола, вклучително и дополнителни прегледи на одгледувалиштата и попис на живината на фармите.

„Останува апелот до одгледувачите, бисигурносните мерки на фармите да ги подигнат на највисоко ниво и да ја следат здравствената состојба на живината. Доколку граѓаните најдат пцовисана дива птица во природата, апелираме за тоа да го известат најблиското ветеринарно друштво или Агенцијата за храна и ветеринарство“, наведуваат од АХВ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...