14.9 C
Ohrid
вторник, мај 20, 2025
ПочетнаСветЏонсон: Европа што ја знаевме до пред шест недели веќе не постои

Џонсон: Европа што ја знаевме до пред шест недели веќе не постои

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Британскиот премиер Борис Џонсон и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска одржаа заедничка прес-конференција во Лондон на која Џонсон кажа дека и Велика Британија и Германија делат чувство на „ужас и одбивност” кон „бруталноста што ја претрпе украинскиот народ”, што го вклучува и утринскиот ракетен напад врз цивилите во украинскиот град Краматорск.

<

Џонсон кажа дека нападот од утринава на железничка станица во источна Украина покажува „колку длабоко потонала војската на Путин”.

-Воено злосторство е да се напаѓаат цивили. Злосторствата извршени во Украина нема да останат неказнети, рече Џонсон.

Џонсон повтори дека „Путин не смее да успее” и најави нови британски санкции против Русија, што се однесуваат на замрзнувањето имот и забрана за патување.

Тој го пофали својот германски колега за неговата „решителност да стави крај на зависноста од руската енергија” и додаде дека „тоа не е лесно за никој од нас и затоа ги поздравувам историските одлуки донесени од владата на Шолц да се оддалечи од руската енергија”.

Џонсон додаде дека Германија и Велика Британија им се придружиле на десетиците земји кои испраќаат оружје и заштитна опрема како шлемови и панцири во Украина.

-Европа каква што ја знаевме до пред само шест недели веќе не постои. Инвазијата на Путин е удар врз темелите на безбедноста на нашиот континент, но неговата желба да не подели очигледно не вроди со плод, рече Џонсон.

„Напротив, Путин ја обедини Европа и целата трансатлантска Алијанса за поддршка на Украина и взаемна солидарност”, кажа тој, додавајќи дека Велика Британија ќе испрати уште оружје во Украина, во вредност од 100 милиони фунти

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Раде Трајковски – Штекли однесен на Клинички поради здравствени проблеми

Раде Трајковски познат како Штекли денеска се пожалил на здравствени проблеми во затворот „Скопје“, поради што бил однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тераза“, пишува...

Донесен нов закон: Ќе може да се зема во исто време и пензија и плата.

За првпат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите, објави денеска Никола...

Матурант од Струмица пронајден починат.

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на местото викано Крива Река, бил...

Изгоре семеен автомобил на бизнисмен од Битола, и два други паркирани до него, дознава „АПЛА“

Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво...