20.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаКовачки: Платеници инспирирани од СДСМ го запалија автомобилот на пратеникот Ристески

Ковачки: Платеници инспирирани од СДСМ го запалија автомобилот на пратеникот Ристески

spot_imgspot_img

Ноќеска е запален автомобилот на колегата Петар Ристески од Прилеп, објави на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

-Кукавички чин позади кој сум убеден дека стојат платеници инспирирани од предавничкото раководство на СДСМ. Платеници се затоа што нема нормален и здрав Македонец, кој поради верба во нешто, освен за добра сума на пари би направил таков чин на насилство против пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Дома, пред жена, деца, родители…СДСМ, мафијата има повеќе достоинство од вас. Вие сте гнаси. Ова е напад на пратеник и ова е сериозен удар и назадување во демократијата. После насилството во Собранието со фрлање живото-загрозувачки предмети кон колеги, и ова ќе влезе во извештајот за напредокот кон ЕУ. Со демонстрирањето на немоќта, СДСМ и’ прави штета на Македонија.

Знаеме дека им се брза, оти тоа што го ветија не може да го реализираат. Не МВР, не служби, знаеме дека ќе вклучат се’ за реализација на предавството. Знаеме дека се додворуваат и дека ветуваат се’ само за да ги остават некој месец плус на власт, напиша Ковачки.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

И на митинзите јавно зборувам одмазда не ми паѓа на памет да има, имаме многу работа пред нас, тоа е државата да си ја...

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!

Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот...

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...