13.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаФуркан Салиу најостро ги осуди свирежите на партиските симпатизери на ДУИ

Фуркан Салиу најостро ги осуди свирежите на партиските симпатизери на ДУИ

spot_imgspot_img

Новинарот Фуркан Салиу најостро ги осуди свирежите од публиката при обраќањето на водителката на македонски јазик за време на прославата на Рамковниот договор.

„Вчера на партиската прослава на ДУИ имало свирежи кога некој се обратил на македонски јазик.
Како припадник на етничка заедница на која јазикот и е именуван како “20% јазик” знам како е да не ти се почитува мајчиниот јазик па така најостро го осудувам однесувањето на партиските симпатизери на ДУИ.

Уште по идиотски делува овој гест кога сите знаеме дека токму овие партиски членови најлесно се разбираат со јазикот на тендерите и тоа воопшто не им пречи кога се работи за пари.

Само јас и моите најблиски знаеме како се чувствувавме кога гледавме како млади студенти протестираат против правото на една етничка група да се школува на свој јазик. И токму затоа знам дека јазикот е светост за било која етничка заедница и се обидувам да ги научам сите јазици кои се говорат во оваа држава. Колку јазици знаеш толку вредиш. Само на Балканот јазикот може да стане пречка за комуникација“, напиша Салиу.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...