13.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаСопственик на маркет од Лажани поставен за директор на државната фирма што...

Сопственик на маркет од Лажани поставен за директор на државната фирма што купува и продава струја за ЕСМ

spot_imgspot_img

На крајот на август, државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го назначила Мирсад Црновршанин за директор на подружницата ЕСМ Продажба, преку која државното електростопанство увезува и извезува струја, објави „Фактор“.

Станува збор за жител на прилепското село Лажани во Општина Долнени, кој според претходно објавени медиумски написи, е сопственик на стоковна куќа и локален маркет во Лажани.

Фактор“ пишува дека Црновшанин ќе биде управител на „ЕСМ продажба“ (поранешното име ѝ беше „Елем трејд“) на определено време од 12 месеци, во периодот од 1 септември до 31 август следната година. Порталот минатата недела испратил прашања до ЕСМ околу тоа дали новоназначениот директор доаѓа од редовите на компанијата или од комерцијалниот сектор и дали според својата биографија ги задоволува професионалните критериуми да ја извршува таа функција, но засега нема одговор.

Продажбата на ноќните вишоци деновиве е тема во јавноста, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски (кој беше генерален директор на ЕСМ), во серија прес-конференции обвини дека ЕСМ ноќната струја ја продава на привилегирани трговци, по цени кои се пониски од берзанските. Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, возврати дека Мицкоски „или не знае или лаже“ и во детали објаснуваше како и по кои цени државната фирма ги продава ноќните вишоци.

„ЕСМ продажба“, фирмата преку која се увезува електрична енергија и преку која ЕСМ ја продава ноќната струја, за помалку од една година променила тројца директори, пишува „Фактор“. Советникот на поранешниот премиер Зоран Заев, Александар Обрадовиќ, по шест месеци беше отповикан на почетокот на годинава, за потоа за директор да биде назначен Синиша Ивановски.

За време на грејната сезона „ЕСМ продажба“ ќе биде активна во купувањето електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Владата, со цел да обезбеди пониски цени за оие категории, веќе одобри 50 милиони евра за авансни плаќања во енергетската криза, а дел од овие пари се предвидени и за увоз на струја.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...