12.7 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаБитиќи: Да ги задржиш младите дома не е опција, треба да им...

Битиќи: Да ги задржиш младите дома не е опција, треба да им дадеме крилја

Младите не треба да ги задржуваме, туку да им дадеме крилја, да создадеме можности што ќе им овозможат да го достигнат својот целосен потенцијал во сопствената земја, но во исто време ќе ги направи доволно конкурентни за светот, порача денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

– Скоро секогаш кога зборуваме за миграција ја слушаме и кажуваме реченицата „да ги задржиме младите дома“. Верувам дека секој во оваа просторија кој е родител или некогаш бил млад знае дека да ги задржиш било каде не е никогаш опција. Затоа сметам дека младите не треба да ги задржуваме туку да им дадеме крилја, да создадеме можности што ќе им овозможат да го достигнат својот целосен потенцијал во сопствената земја, но во исто време ќе ги направи доволно конкурентни за светот, посочи Битиќи на конференцијата на која се промовираше извештајот „Човечки капитал, миграција и како да обликуваме иднината заедно“ во организација на ОЕЦД.

Според Битиќи, тоа што мораме да го направиме како земја е да не ги избегнуваме нашите проблеми туку да се фокусираме на нив и да зборуваме отворено и најважно во дијалогот да ги вклучиме и младите. Тоа е она што го бараат младите од нас, посочи вицепремиерот Битиќи

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Петкоска: Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани-Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите!

Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани! Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите! Убедена сум...

Сашо Донев: Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања- Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште...

Драги сограѓани, Мои Охриѓани, Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања. Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште...

Полиција во домот на родителите на Боки 13 во моментов, подкастот е паузиран

Во моментов е вториот дел од интервјуто на Бојан Јовановски попознат како Боки 13 во студиото на Лазаров. Во самото интервју кое е во живо...

Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам, вели Димитриевски

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, ги реафирмираше државните приоритети на партијата, преточени во...