12.6 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаРуските медиуми ја пренесоа веста за антифашистичкиот протест во Охрид

Руските медиуми ја пренесоа веста за антифашистичкиот протест во Охрид

spot_imgspot_img

Вчерашниот протест во Охрид, кој влегува во низата антифашистички протести годинава, одекна не само во регионот, туку и во медиумите од целиот свет. „Балканская сплетница“ е руски медиум кој исклучително се занимава со пренесување на главните случувања на балканскиот регион, а еве што тие напишаа за вчерашниот протест против отварањето на „Културниот клуб“ именуван по бугарскиот соработник на Хитлер, фашист и окупатор Борис III:

„Во Охрид имаше ибид да се отвори културен центар што го носи името на бугарскиот цар Борис Трети, заради кого во време на Втората светска војна Бугарија се приклучи на земјите на фашистичката Оскат.

Сепак, свечената церемонија беше нарушена поради масовен протест. Толпата извикуваше „Убијци“, ја пееше химната на Македонија и носеше транспаренти „Со фашисти не се преговара“, јасно алудирајќи на незадоволството од одлуката на властите да направат компромис со Софија за прашањата на македонскиот идентитет со цел државата да се приклучи кон ЕУ. Дојде и до судири со полицијата, која се обиде да ги растера демонстрантите.

И ова не е првпат Македонците да останат крајно незадоволни од вечичењето на бугарските херои на територијата на нивната земја. Во април, во градот Битола, отворањето на центар во чест на уште еден нацистички соучесник, Ванче Михаилов, беше проследено со исто толку остра реакција – тогаш имаше обид да ја запали културниот клуб.“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...