15.9 C
Ohrid
вторник, септември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаНаследниците на Вапцаров не се согласуваат македонскиот клуб во Благоевград да го...

Наследниците на Вапцаров не се согласуваат македонскиот клуб во Благоевград да го носи неговото име

Секогаш сме тврделе дека сме Бугари бидејќи сме родени од мајка Бугарка и татко Бугарин, вели внукот на Вапцаров-пишува 360 степени

Наследниците на Никола Вапцаров не се согласуваат македонскиот клуб во Благоевград, кој треба да се отвори на 30 октомври, да го носи неговото име, пишува Бугарската национална телевизија (БНT).

„Тврдењата што ги имаат браќата од Северна Македонија не се оправдани бидејќи сите документи што ги имаме и нашата самосвест и чувство дека ние неговите роднини – јас како внук, сестра ми како внука и татко ми како брат, секогаш сме тврделе дека сме Бугари бидејќи сме родени од мајка Бугарка и татко Бугарин. А, во прашалникот на Вапцаров јасно пишуваше дека е од бугарско потекло и со бугарска националност“,

вели Никола Вапцаров, внук на познатиот поет.
БНТ во текстот пренесува и изјави од иницијаторите за отворањето на македонскиот клуб наведувајќи дека нивната главна цел е тој да биде културен мост меѓу Бугарија и Северна Македонија.

„Ние се чувствуваме Македонци и сакаме да формираме, преку нашите идеи и иницијативи, нов културен простор за интеракција меѓу бугарската и македонската држава, меѓу бугарскиот и македонскиот народ. Нашата друга цел е Бугарија конечно да го признае постоењето на македонското малцинство, што е аномалија без преседан во Европа“,

вели Атанас Мазнев, еден од иницијаторите, кој вели и дека Вапцаров бил дел од македонскиот културен круг.

Советот на Општина Благоевград, пак, претходно остро се спротивстави на отворањето на клубот и советниците изгласаа декларација со која македонскиот клуб го нарекоа антибугарска провокација. Меѓутоа, клубот се наоѓа на приватен имот и не е потребна дозвола од локалната власт.

На отворањето што треба да се случи во недела, нема да присуствува премиерот Димитар Ковачевски, како ниту претставници на бугарската влада иако добиле покани. Присуство најави, пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Извор:360 степени

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца полицајци ослободиле осуденик зашто немало место во затворот во Битола

Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против тројца полицајци за неизвршување на судска одлука. Според...

Македонецот од Пирин ќе ви каже каков проблем имал со Грк поради неговата тетоважа

Во Бугарија се осеќам како Македонец, до сега проблеми сум имал само еднаш и тоа во Грција.. Откако еден грк ми ја виде тетоважата додека...

Велешанец ја бара возрасната ќерка која со своето дете заминала во непознат правец

Марјанчо Малинов, татко на 23-годишната Теодора од Велес, вчера пријавил во СВР Велес дека таа заедно со нејзината двегодишна ќерка се оддалечила од нивниот...

Есенски екскурзии за пензионерите од Битола

Здружението на пензионери-Битола ги известува пензионерите од општините Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека од 16.09.2024 година до...