12.7 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаМакедонијаСе подготвува нов закон: Задолжително осигурување на земјоделските посеви – услов за...

Се подготвува нов закон: Задолжително осигурување на земјоделските посеви – услов за субвенции ​

spot_imgspot_img

​Новата реформа на земјоделскте субвбенции неодамна најавена од Владата наиде на бројни рекации.
Една од мерките која се предвиедува е задолжителното осигурување на земјоделското и сточарското производство кое ќе биде законска обврска и услов за добивање субвенции. Ова според левица е само уште еден удар врз индивидуалниот земјоделец. Тие во своето соопштение наведуват дека владата наместо да им помогне во време на криза да произведуваат храна таа ги уценува со задолжтелна давачка за осигурање.

-Како и многу пати досега, оваа Влада се оградува од своите задачи, обврски и одговорности, па истите ги префрла на товар на индивидуалните земјоделци

Задолжителното земјоделско осигурување нема да спречи појава на град, суша, поплава и други непогоди, туку нив ќе ги спречат ефикасни градобијни системи, квалитетна мрежа за наводнување и одводнување, односно исчистени канали во полињата.

Од министерството за земјоделство уверуваат дека со оваа голема реформа земјоделците ќе имаат поголема сигурност во производството. Во првите години осигурањето ќе биде бесплатно а понатаму бидејќи ќе плаќаат сите земјоделци осигурителните полиси ќе бидат поевтини од сега. Во исто време државата ќе формира посебно тело-осигурителен пул и во случај на штета обештетувањето ќе се исплаќа истатат година а земјдоелците ќе бидат заштитени од можните манипулации на осигурителните куќи.

Од министерството појаснуваат дека и по воведување на задолжителното осигурување останува да функционира системот за авионска заштита од град како модел кој досега покажа висока ефикасност од овој вид на непогоди.
Kanal5

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...