4.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаПочина игумен Теодосиј од Лешочкиот манастир

Почина игумен Теодосиј од Лешочкиот манастир

spot_imgspot_img

Вчера почина, а денеска е погребан игумен Теодосиј од Лешочкиот манастир, информираат од Тетовско-гостиварската епархија.

Тетовско-гостиварската епархија информира дека вчера почина, а денеска е погребан игумен Теодосиј од Лешочкиот манастир. По опелото тој е погребан во Лешочкиот манастир.

На 3 декември 2022, во навечерието на празникот Воведение на Пресвета Богородица-Пречиста, се упокои игуменот на Лешочкиот манастир, Теодосиј. Со таговна радост и неодминливо воскресенско чувство во срцето го испративме во другиот, вечен живот. На опелото во Лешочкиот манастир чиноначалствуваше надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на свештеници од епархијата – информираа од епахијата.
Игумен Теодосиј е роден во 1944 година во село Глоѓи со световно име Димитрије Крстевски, од татко Маринко и мајка Цена. Осумгодишно училиште завршил во с. Теарце, а потоа во 1960 година се запишува во Призренската Богословија, која ја напушта во 1962 година и своето образование го продолжува во Богословијата „Св. Климент Охридски” во Скопје, во 1967 година.

Стапува во брак со Бора Јовановска на 27.09.1968 година. Ракоположен е во ѓаконски чин на 10.08.1969 година од страна на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и прв Митрополит Скопски г. г. Доситеј, во храмот „Св. Петка” во с. Туденце, а на 14.08.1969 година е ракоположен за свештеник во храмот „Св. вмч. Димитриј” во Скопје и поставен за парох во Вратничката парохија.

Во 1979 година е поставен за парох во Теаречката парохија и е назначен за старешина на Лешочкиот манастир. На 09.07.1987 година е произведен во протоерејски чин, а на 05.01.2001 година е одликуван со граден крст. На 27.08.2009 година е замонашен и го добива името Теодосиј, а на 15.05.2010 година поставен е за игумен на Лешочкиот манастир.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...