16.4 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаСе подготвува голема промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival

Се подготвува голема промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival

ПОДГОТВУВАМЕ ГОЛЕМА ПРОМОТИВНО-СПОРТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА „OHRID WATER FESTIVAL“

Денеска беше одржан првиот официјален состанок на кој беа презентирани детали околу подготовката и организацијата на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 18-ти до 27-ми август, со поддршка на Локалната самоуправа.

На состанокот присуствуваа претставници на Здружението за промоција и развој на водените спортови „Фестивал на водени спортови“, претставници на клубовите за водени спортови од Охрид, претставници на Хидробиолошкиот завод, претставници на туристичкиот сектор, претставници на Одделението за спорт при Општина Охрид и останати субјекти кои се вклучени во организацијата.

Беше разговарано за сите спортско-рекреативни настани кои ќе бидат дел од официјалната програма, како и за сите социјално едукативни содржини кои ќе бидат пропратен дел на фестивалот. На состанокот беше презентирано и официјалното лого на Ohrid Water Festival, со автентични детали, кои се дел од главната симболика на Охрид.

Според планираното, на фестивалот ќе бидат организирани 40-тина настани кои значително ќе придонесат за промоција на водените спортови, уникатноста на Охридското Езеро и туристичките потенцијали со кои изобилува нашиот град.

Манифестацијата има за цел да го подигне нивото на промоција на Охрид како атрактивна дестинација за алтернативен туризам, да ја збогати туристичката понуда за гостите и да го зголеми бројот на туристички посети.

Со сите информации поврзани со организацијата на фестивалот, јавноста ќе биде информирана во текот на наредниот период, преку официјална презентација на фестивалската програма.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

49 годишен Скопјанец нападнат од својот малолетен внук.

Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна...

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно...

По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила

Почитувани, По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила ,со звучна и светлосна сигнализација...