18.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски за ТВ Плус: Ја вративме довербата во полицијата, сѐ што работиме...

Спасовски за ТВ Плус: Ја вративме довербата во полицијата, сѐ што работиме е на увид на јавноста и граѓаните тоа го ценат

spot_imgspot_img

Спасовски за ТВ Плус: Ја вративме довербата во полицијата, сѐ што работиме е на увид на јавноста и граѓаните тоа го ценат

Во текот на вечерашното интервју за кумановската ТВ Плус, од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше побаран коментар за резултатите од анкетата на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), според кои граѓаните сметаат дека тој како министер најдобро ја врши својата работа, односно дека е министер со највисок рејтинг во Владата.

„Добро е кога ќе слушнете оценка за својата работа, дали е преку анкета, или од релевантни меѓународни институции. Тоа е практично резултат на целиот мој тим, не само мој личен. Точно дека раководам и менаџирам, но важно е да имате тим кој е посветен во работата, кој има визија што треба да се направи, кој секојдневно е со проблемите на граѓаните. И, важната компонента е – транспарентноста во целото работење“, одговори Спасовски.

Истакнувајќи дека анкетата од Меѓународниот Републикански Институт покажа каква е перцепција на граѓаните за неговата и за работата на МВР, министерот Спасовски рече:

„Секако тоа ми причинува задоволство, но тоа е во функција на една мотивација – што е можно повеќе да бидеме мотивирани сите ние, да ги оствариме сите зацртани цели, да ги подобриме состојбите, условите за работа, да се подигне безбедноста на повисоко ниво, да се врати довербата на граѓаните во полицијата. Тоа беа целите кои ги поставив на почетокот на мојот мандат. Би рекол искрениот пристап, чесноста во работењето, одговорноста, посветеноста во работата секогаш даваат резултати. И, заклучокот е многу едноставен од анкетата – сето тоа што го правите, ако го споделувате со јавноста заедно со сите бенефити кои доаѓаат од таа работа, граѓаните знаат да ги ценат”, рече министерот Спасовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...