11.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Ако нема избори во мај, тогаш следната пролет

Мицкоски: Ако нема избори во мај, тогаш следната пролет

spot_imgspot_img

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, доколку предвремени парламентарни избори не се одржат овој мај, тогаш за нов собраниски состав ќе се гласа дури следната година на пролет. Мицкоски вели дека прашањето за предвремени избори зависи од гласањето на евентуалната нова владина коалиција со Алијанса за Албанците во Парламентот.

„Доколку имаат 61 пратеник, коишто ќе гласаат, тогаш автоматски значи дека во мај ќе немаме предвремени парламентарни избори, бидејќи оваа Влада, ваква каква што е го има мнозинството“, вели Мицкоски.

Мицкоски повтори дека е подготвен за избори во мај, додавајќи дека на лето избори не се организираат. Според него, доколку се пропуштат овие термини, најдобро би било изборите да се одржат заедно со претседателските наредната година, па дури за 11 месеци отсега да се формира техничка Влада.

„Ако организирате предвремени парламентарни избори во есен, еве да речеме да е тоа во октомври или ноември, а неколку месеци потоа се претседателските избори, се поставува прашањето дали е тоа одговорно однесување и дали Македонија е толку богата држава да може во неколку наврати да троши десетици милиони евра за изборна кампања“, додава Мицкоски.

Мицкоски претходно најави дека на почетокот на февруари ќе се гласа недоверба на Владата. Тој додаде дека недоверба би поддржале, како што рече, охрабрени пратеници од мнозинството и оти потоа ќе се оди на предвремени избори. Но, ништо од тоа не се случи. Од ВМРО за таквата ситуација рекоа дека незадоволните пратеници од мнозинството трпеле закани и уцени за да продолжат да ја поддржуваат власта. Партиите од владејачкото мнозинство пак, не го променија ставот да се организираат парламентарните избори заедно со претседателските, во 2024 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гоцевата дружина- Објавена е уште една непозната фотографија од македонската историја

Истражувачите Диме Ратајковски и Душко Дуле Апостолски по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев, за првпат од нивната приватна...

Давкова: Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев! Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја...

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко

Полицаец, заедно со уште двајца скопјани, се осомничени за грабнување и разбојништво, бидејќи киднапирале маж, а откако го повредиле, му се заканиле дека ќе...

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред...