8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасен Силјаноски повторно се расплака во емисија – Пејачот проговори со што...

Спасен Силјаноски повторно се расплака во емисија – Пејачот проговори со што се борела ќерка му

spot_imgspot_img

Спасен никогш не ги крие емоциите, па повторно се расплака откако проговори за неговата песна.
„Ќе ти дојдам“ е песна која Спасен Силјаноски ја испеа пред 5 години, но благодарение на социјалната мрежа Тик Ток песната освен во Македонија стана голем хит на Балканот, но и во светот.

Корисниците се снимаат додека танцуваат на оваа песна, која на Спасен му донесе огромна популарност и го направи еден од најпребаруваните пејачи во моментов на Гугл-Пишува Гламур.

Во интервју за магазинот „Бекстејџ“ тој откри дека песната настанала сосема спонтано.

Постојат снимки на Јутјуб меѓу кои и онаа на која ја изведува песната „Мајка“, а на која од почеток до крај на песната тој плаче.

Тој за „Бекстејџ“ откри дека оваа песна го потетува на тежок период од неговиот живот, додека неговата ќерка се борела со болест.

Песната мајка му значи многу бидејќи е врзана со тежок период од неговиот живот.

Мојата ќерка се роди со бубрежна болест, како и секој родител сметав дека ако треба ќе се качам на месечината само да се излечи.

Дури имав предлог со еден хирург, му реков што реба да направам, тој ми рече, ти како родител твоја обврска е цел живот да се грижиш.

Најдов еден докор кој се нафати да изврши операција и тоа со 50-50 отсто успех и ми побара огромна сума на пари која што јас ја немав.

Во тој момент излегов од болница, запалив цигара иако тогаш не пушев. Песната мајка веќе беше подготвена и аранжманот направен, дојде еден колега случајно ми вика сакаме да ни направиш песна за нас, сакаме нешто во твој стил и му реков имам и им ја продадов таа песна иако беше за мене, затоа што ми требаа пари за операција.

После сите ме прашуваа, но не можев да објаснам, но после некоку години си ја повратив и затоа ми значи, затоа што ме потсетува на многу тешки моменти, не му посакувам на никој да има такви моменти, особено со децата. Девојчето ми е супер, операцијата беше успешна, сега е супер петка девојка“, раскажа пејачот кој цело време додека зборуваше за овој период не можеше да ги воздржи солзите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен скопјанец кој со ловечка пушка им се заканувал на жители на Богомила

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, уапсија 36 годишен скопјанец кој со ловечка пушка им се закнувал на жители од село Богомила. На 03.05.2024 во...

На денешен ден во 1945 година е утврдена македонската азбука со 31 буква

На денешен ден 1945 година, Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела...

Мицкоски: Денес е најтешкиот ден во Христијанството, ден на христовите страдања за човештвото.

Велики петок (уште нарекуван и Распет петок) се смета за најтежок празник во христијанската религија. Настанот кој е поврзан со овој празник е христовото...

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...