23.9 C
Ohrid
вторник, мај 21, 2024
ПочетнаМакедонијаОд затвор излезе обезбедувачот што ги даде клучевите да се отворат портите...

Од затвор излезе обезбедувачот што ги даде клучевите да се отворат портите од Собранието на „крвавиот четврток“

Денеска завршува затворската казна за поранешниот обезбедувач на Собранието, Абдилфета Алими, лицето кое на 27 април 2017 година го спаси претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, од насилните демонстранти, но и ги предаде клучевите за да се отворат портите од Собранието.

Алими одлежа 6 години и два месеци затвор затоа што им фи даде клучевите на поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои ги отворија главните порти на Собрание и им овозможија на насилните демонстранти да влезат во Собранието.

Судот предвиде дека казната против него заслужува повисок степен, но поради хуманото постапување (за спасување на животот на Села), судискиот совет ја намали ефективната мерка со определување ефективни 7 години затвор.

Судијката Добрила Кацарска тогаш рече дека е неспорен факт дека Алими го спасил пратеникот Зијадин Села, но и дека на снимките се гледа како ги дава клучевите од собраниските врати. Обвинителката Вилма Русковска пак во телевизиско интервју тврдеше дека Села бил спасен од еден од демонстрантите во Собранието, а не од Алими.

Абдулфета Адеми беше сведок во случајот за обид за убиство на Села предложен од јавното обвинителство. Тој во судница сведочеше за крвавите настани од 27 април и раскажа како успеале да го спасат лидерот на Алијансата од бесната толпа која повикувала на убиство. Алими раскажуваше како насилниците кои сакале да го убијат Села отстапиле откако тој им кажал дека Села е мртов. Потоа го однел во една од канцелариите на горниот кат, а од законодавниот дом успеал да го извлече по неколку часа, дури откако пристигнале полицајците. Зијадин Села бил изваден од Собранието маскиран во полицаец и бил пренесен на клиника со оклопно возило.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ДНК снимија песна во чест на починатите пријатели Мирко и Марјан

Популарното дуо ДНК ја промовираше новата песна ,,Животе брате” која е создадена во чест на нивните пријатели Мирко Петровски и Марјан Михајловски Маци, кои...

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камени мост – засега не е познат неговиот идентитет

Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот...

Запален автомобил на полицаец од Велес

Автомобил во текот на ноќта целосно изгоре на улицата „Милан Страчковски“ во близина на плоштадот „Којник“. Причините зошто возилото се запалило се уште се непознати. Батали.нет...

Обвинителот Мемети од ДУИ е осомничен за поткуп, институциите вредат колку луѓето во нив, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска, ја искоментира последната предистрага во која врховниот судија Наке Георгиев е осомничен за примање награда за противзаконито влијание и...