13.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаНеготинчанецот што ги тепа останатите пациенти во Бардовци, во 2012 година ја...

Неготинчанецот што ги тепа останатите пациенти во Бардовци, во 2012 година ја закла мајка си и ја фрли во контејнер !!!

spot_imgspot_img

34-годишниотнеготинчанец Д.С ја уби својата мајка во нивниот стан, а потоа сакајќи да се ослободи од телото го фрлил во контејнер. Телото беше пронајдено од работници од Комунална хигиена- Овој немил настан се случи  17 Јул 2012 година, на негова 23-годишна возраст.

Д.С беше пратен на лекување во Психјатриската болница Бардовци, но како и останатите пациенти така и тој имал право на користење слободен викенд па неколку пати полицијита интервенирала во Неготино, бидеќи бил нарушен јавниот ред и мир-дознава Шило Магазин од добро упатени полициски извори.

Македонската јавност беше загрозена откако Д.С преку социјалната мрежа фејсбук секојдневно се уклучува во живо и се фали како ги малтретира останатите пациенети-со цел да каже дека е моќен во установата каде што е задржан и прима терапија….

И покрај најавената инспекција во болницата, Д.С продолжува со снимање на видеа во живо на повеќе социјални мрежи.

 

По објавувањето на видеата, се огласи и директорот на ЈЗУ Психијатриска болница „Бардовци“ Мухсин Арифи и потврди дека тепачката навистина се случила и тоа во судското одделение на болницата.

-Како новоименуван директор на скопската психијатриска болница, чувствувам должност да се осврнам на широкото мислење за последните случувања во врска со агресивните пациенти кои меѓусебно се тепаат во судското одделение кое е строго третирано од надлежниот суд. Тоа е за лица кои извршиле тешки кривични дела како убиство, обид за убиство и слично. Иако во болницата има недостиг на кадар, Ве известувам дека по настанот од моја страна се преземени сите неопходни мерки, известени се задолжените за заштитата на пациентите и сите надлежни институции кои моментално се грижат за безбедноста, напиша Арифи.

Тој очекува институционална разрешница на случајот што е можно поскоро.

-Во меѓувреме почнав да поставувам мерки и механизми за спречување на вакви немили настани во иднина. Крајната цел е да се постигне трајно решение за подигнување и одржување на безбедноста на болницата и подобрување на условите за нејзино нормално функционирање, напиша тој.

На двете објавени видеа се гледа како еден пациент снима и наредува тепање на друг пациент кој „мора“ да се претстави на почетокот на снимката, додека тој што снима вели дека тука лежел поради тепање на мајката и жената.

Шило Магазин

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...