24.9 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаМакедонијаАвтобус од Македонија во последен момент запрен пред да се урне мостот...

Автобус од Македонија во последен момент запрен пред да се урне мостот на Морава

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Само 20 минути пред надојдената Западна Морава да го уништи мостот што ги поврзува чачанските села Мрчајевце и Слатина, сообраќајната полиција спречи автобус со македонски регистарски таблички полн со патници, кој и покрај одлуката да се запре сообраќајот преку тој мост, се обиде да го премине на другата страна објави српски Курир.

<

Не се знае што ги навело Македонците до тој пат, можно е да следеле лоши навигациски карти, кои одамна не се ажурирани, но доколку автобусот се појавел на и онака небезбедниот мост во моментот кога неговите столбови биле силно еродиран од поројот – тоа би било огромна трагедија пишуваат српските медиуми.

Мостот на Западна Морава рано утринава пред изливот на надојдената река беше целосно уништен поради обилните врнежи што го зафатија Чачак и околината. Поплавите се смируваат, но се уште прават големи проблеми. Припадниците на Цивилната заштита во текот на ноќта работеа на испумпување на водата на каналот за наводнување за да не се излее и да не се поплави населбата Кеј.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Србија: Татко со трактор го прегази своето едногодишно дете

Во село Селенча во Србија се случи страшна трагедија, кога татко, управувајќи со трактор, ненамерно го прегазил своето едногодишно дете, кое починало на самото...

До 10 јули ќе биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид- Вели премиерот Мицкоски.

Очекувам до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Битола при посетата за почетокот на...

Брутален чин кај Стража: Со BMW влечеше мртва коза по патот !!!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од...

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата.

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за...