9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаНашинци во Австралија трагаат по синот цели 52 години- Ние чувствуваме дека...

Нашинци во Австралија трагаат по синот цели 52 години- Ние чувствуваме дека е жив

spot_imgspot_img

Борис и Воца Гулевски, по потекло од битолско Кукуречани, кои со децении наназад живеат во Мелбурн, Австралија, повеќе од педесет години секојдневно се буделе и живееле со мислата каде е нивниот син и што се случило со него. Им останале да ги тиштат многу неодговорени прашања, и денес иако имаат по 70 години и ги живеат своите пензионерски денови, се уште не се откажуваат од потрагата по вистината за нивното дете.

Како што раскажуваат во телефонски разговор за ,,Фокус”, на 30-ти април во далечната 1971 година во битолската болница се родил нивниот син. Воца вели дека се било во ред со бебето, за да потоа од болницата им кажат дека починало- јавува Фокус.

Што се случило и која била причината за смртта, не им било соопштено. Не им било дозволено ниту да го видат и погребаат своето бебе, кое според официјалните документи починало на трети мај.

Бев млада, имав 18 години, бев неискусна. Ми кажаа дека син ми починал, ме задржаа во болница уште неколку дена кои ги минав во солзи, а потоа ме пуштија да си одам дома. Кога го побаравме телото на синот, за да можеме да го погребаме, го немаше. Ни кажуваа дека многу деца умираат по раѓање или за време на породување, и да се помириме со судбината. Освен тврдењето на вработените во болницата дека нашиот син починал, ние никаков доказ за тоа не видовме.

Но, некој глас постојано ни кажуваше дека нешто не е во ред, дека нешто се крие зад целата ситуација.
На многу прашања не добивме одговори и постојано не мачеа. Најголемиот сомнеж дека сепак нешто се случило и не ја знаеме целата вистина, ни се разбуди по шест години, кога добивме покана да го запишеме детето на училиште.

Зошто дојде таа покана? Повторно започнавме да бараме одговори, но безуспешно. Чувството дека нашето дете е живо, во ниту еден момент не не напушта, и остануваат прашањата каде е, на кој крај на светот, со кого е, кој стои зад сето ова.

По 18 години ни пристигна и поканата за синот да оди во војска. Како може за дете кое починало пред 18 години да пристигаат покани? Веќе ништо и никој не можеше да не разубеди дека синот ни е жив- тврди мајката.

Иако живеат во Австралија, далеку од родниот крај, на секое доаѓање во Македонија тие редовно го минувале патот од една до друга институција, во надеж дека ќе има некои нови вести за нивното дете, но одговорот секогаш бил ист, во документите пишувало дека синот им починал.

-Тој силен родителски инстинкт, тој внатрешен глас не може ништо да го намали. Живееме во надеж дека некогаш ќе се дознае што точно се случи со нашето дете, веруваме дека е во некоја друга земја, можеби во Америка, Канада, па дури и во Австралија.
Ни останаа многу неодговорени прашања, затоа и се роди сомнежот, но постојано тука е присутно и чувството дека тој е жив.
Направивме и ,,Мај херитиџ” ДНК тест, во надеж дека ќе излезе некое совпаѓање, дека можеби и синот трага по своето биолошко потекло.
Не знаеме каде да се обратиме и како да ги добиеме одговорите по кои сме желни 52 години, затоа замолуваме ако било кој има некаква информација, веднаш да не извести. Имаме уште три деца, син и две ќерки, можеби некој ќе ја препознае сличноста со нив, или пак со нас. Тоа ни е голема надеж – велат родителите.

Апелираат доколку некој има било каква информација поврзана со нивниот случај, да ја контактира нивната роднина Slavica Sue Masa на социјалната мрежа Фејсбук, бидејќи таа детално била запозната со случајот и им помагала во потрагата, објавувајќи ја нивната приказна на социјалните мрежи.

Вики Клинчарова Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред...

Кандидатот за пратеник Д-р Александар Веслиески со честитка за престојните Велигденските празници.

Познатиот специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување Др Александар Веслиевски, кандидат од партијата ЗНАМ во 5-та изборна единица ви ги честита претстојните Велигденски...

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...