15.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаТетекс: Општина Тетово и Ксами не ни дава да играме на стадионот...

Тетекс: Општина Тетово и Ксами не ни дава да играме на стадионот затоа што сме Македонци!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ФК Тетекс излезе со соопштение во кое информираше дека на нив како и на ФК Љуботен и ЖФК Љуботен општината Тетово не им дава да го користат стадионот, на него игра само Шкендија.
Отсекогаш стадионот го делеле сите клубови кои биле од Тетово. Тетекс и Шкендија ги играа своите натпревари на тој терен. Но сега општина Тетово им забранува на Тетекс, Љуботен и женскиот клуб на Љуботен да го користат градскиот стадион.

<

Тетекс преку соопштение ја информира јавноста за овој проблем, тие сметаат дека градоначалникот им забранува да го користат стадионот само затоа што се Македонци.

„Jа користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини! Екслузивно право на користење на двата стадиони има само фк Шкендија!

Се запрашуваме, дали во 21-от век е нормално само поради тоа што сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?

Со месеци, односно поточно од февруари навака одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков одговор и реализација на нашите барања.

Низ историјата, без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони. Денеска, наместо да се работи на што поголема кохезија кога е спортот во прашање, очигледно некои работат на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза!

Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја друга игра во позадина?

Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен.

Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментално право за спортот и развој на спотрскиот дух кај младите“, стои во соопштението на Тетекс.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...