5.9 C
Ohrid
понеделник, мај 13, 2024
ПочетнаМакедонија19-годишен скопјанец влегол преку прозорец во спална и ограбил жена додека спиела

19-годишен скопјанец влегол преку прозорец во спална и ограбил жена додека спиела

Против 19-годишен скопјанец Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка, бидејќи постои основано сомнение дека сторил две тешки кражби, една кражба, еден обид за тешка кражба и едно одземање моторно возило.

– Согласно доказите обезбедени до овој момент, осомничениот на 14 јуни, од ресторан на булеварот „Словенија“ одзел 700 евра и 11.000 денари. Искористувајќи ја околноста што ресторанот бил привремено затворен за работа, со физичка сила ги отворил вратите, влегол внатре и од една од работните простории ги одзел парите. На 7 август повторно насилно влегол во истиот ресторан со намера да одземе туѓи подвижни предмети, но бил забележан од една вработена и побегнал. На 27 август, на дрзок начин, преку отворен прозорец во спалната соба влегол во стан на улицата „Благој Давков“ и додека сопственичката спиела, одзел ранец во кој имало мобилен телефон, слушалки, мини звучник и други предмети во вкупна вредност од околу 20.000 денари. Потоа, на 29 август, од паркинг простор на улицата „Максим Горки“, осомничениот противправно одзел туѓо моторно возило – комбе „Мерцедес вито“. Возилото било незаклучено, а клучот бил оставен во контакт-бравата за погон, па осомничениот го стартувал и заминал со него во непознат правец. На 31 август, тој влегол во печатница на улицата „Анкарска“ и од една од работните простории одзел чанта во која имало мобилен телефон, паричник со 500 денари, документи, банкарски картички и други предмети во вкупна вредност од 36.000 денари, соопшти Обвинителството.

Поради опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, информираат од ОЈО.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Грчката амбасадорка изреволтирана: Претседателката Давкова наместо Северна кажала Македонија.

Грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду демонстративно ја напушти собраниската ложа откако новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова ја даде заклетвата и наместо...

Тошковски со честитка до Силјановска: Сигурен сум дека со љубовта што ја има за Македонија ќе биде вистински чувар на нашите вредности

Тошковски со честитка до Силјановска: Сигурен сум дека со љубовта што ја има за Македонија ќе биде вистински чувар на нашите вредности Mинистерот за внатрешни...

Швајцарија победник на Евровизија – момчето ја освои Европа со лакирани нокти, мини здолниште и нашминкано лице..

Швајцарскиот пејач Немо победи на изборот за песна на Евровизија во шведскиот град Малме, пренесоа светските агенции. Немо доби 591 поен со песната „The Code“....

Ограбена канцеларијата на МАТИЧНОТО во Прилеп

На 11.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории...