16.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 16, 2025
ПочетнаМакедонијаВучиќ: Светот го запираше конфликтот 2001 во Македонија, а денеска велат убијте...

Вучиќ: Светот го запираше конфликтот 2001 во Македонија, а денеска велат убијте ги сите – Курти сака само војна меѓу Србија и НАТО

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Србија во своето вонредно обраќање поврзано со случувањата на Косово, како пример ја спомена и нашата држава Македонија. Тој го потенцираше конфликтот од 2001 година.

<

„Обрнете внимание на уште еден детаљ. Кога имаше ваков вид на конфликт меѓу Македонија тогашна денешна Северна Македонија, светот тоа го запираше, правеше разговори и договори, денеска рекоа убијте ги сите. Кога Србија одеше во Дреница, да се пресмета со тие кои сакаа отцепување од меѓународно признатите држави, тие рекоа дека тоа се борци за слобода, предводени од Адем Јашари, а не терористи. Само изгледа србите се секогаш терористи“, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ во вонредното обраќање вечерва.

Албин Курти е единствен виновник. Албин Курти е единствен кој сака немири и војна. Никој друг човек не сака немири и војна, освен Албин Курти. Неговата животна желба е да не вовлече во војна со НАТО и друга желба нема. Тоа е и единствено што го прави цело време“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ рече дека се случило она за што долго време предупредувал, а тоа е дека Србите се побуниле „не сакајќи повеќе да го трпат теророт на Курти“ и дека тоа е само прашање на време.

„Не сакам да го оправдам убиството на полицаец, ниту пак е можно да го оправдам. Тоа е апсолутно за осуда“, нагласи српскиот претседател.

Според информациите со кои располагаме, потврдена е смртта на тројца Срби од Косово. Двајца од нив биле дефинитивно убиени од снајперски оган, кога не било потребно да бидат убиени. Двајца се тешко ранети, а има страв дека е убиено и четврто лице Следевме, пресретнавме што прави албанската полиција, ќе ви ги покажеме доказите, можеби дури и на конференцијата, само го чекаме преводот“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека косовската полиција добила „зелено светло“ за интервенција од КФОР.

Тој додаде дека предупредил во Брисел и Њујорк дека „ова може да се случи“, но „малкумина сакале да слушнат и слушаат“.
Извор: 4news

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во скопската зоолошка угина млада женка мајмун сијаманг

Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина. „Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред...

Таксист од Скопје на странец му наплатил 7.800 денари за возење од Центар до Средно Водно

Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х. (43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до...

Во штипско село пронајдени череп и коски слични на човечки

На 14.06.2025 година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од село Балталија, штипско, пријавил дека околу 09.00 часот на место викано...

Манастирот “Свети Еразмо” ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец – Свети Еразмо!

Манастирот "Свети Еразмо" ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец - Свети Еразмо! Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот...