15.9 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Скопје се роди четворка – Три момчиња и едно девојче

Во Скопје се роди четворка – Три момчиња и едно девојче

Да се стане родител е најубавото чувство на светот, а пак родител на повеќе од едно бебе одеднаш е неверојатно.

Но, можете ли да замислите какво е чувството кога ќе ви кажат дека ќе добиете четири бебиња наеднаш?
Ова им се случи на брачниот пар Благица и Александар Зикови од Штип, кои во текот на вчерашниот ден станаа родители на три момчиња и едно девојче, дознава 4NEWS.mk

Бебињата се родени на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје со помош на докторката Елена Ели Николовска која ја водела целата бременост.

Тазе мајката за својата докторка вели дека била позитивна и со нејзина поддршка успеале да стигнат до 31-та недела од бременоста.

Бебињата се предвремено родени, но се во добра здравствена состојба, а мајката за 4NEWS.mk вели дека е пресреќна бидејќи има вистинско богатство.

Интересно е што оваа четворка е втора по 27 години во Штип. Првата родена четворка била во 1997 година.
4news

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми во односите и со Грција...

Сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, да ја смени позицијата и да го користи само името Северна Македонија во...

Полициски службеник фатен со над 10.000 евра мито, се испитува кај кого требало да завршат парите

Овластено службено лице, вработена како Виш аналитичар во скопска полициска станица е лишено од слобода под сомнение за сторено кривично дело измама со обележани...

49 годишен Скопјанец нападнат од својот малолетен внук.

Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна...

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...