16.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаUncategorized @mkТрикратната светска шампионка во бодибилдинг Акиевска: Израснав во семејно насилство – во...

Трикратната светска шампионка во бодибилдинг Акиевска: Израснав во семејно насилство – во интернат имав повеќе услови отколку дома

spot_imgspot_img

Македонската бодибилдерка Мери Акиевска која три пати е светски првак во боди-билдинг во гостување во Магазин на Сител Телевизија проговори за нејзиното тешко минато кое го поминала.
Израснав во семејно насилство, татко алкохоличар, по некое време го изгубив и него. Мајка ми ми е огромна подршка, во сите припреми за се ми помага. Жена борец, мајка кралица. Како самохран родител многу има направено за мене, за возврат и носам среќа и се надевам дека е горда да има дете како мене. По потекло сум од Крива Паланка. Во интернат во Скопје имав повеќе услови отколку во Крива Паланка. Живеев без струја и без вода и немав никакви услови.

Мајка ми не доволуваше да се одвојам од останатите, даваше се од себе да не се приметува нешто дека ми недостасвува и дека сум поразлична од другите. Се дружев со сите деца и тие што беа како мене случаи и тие што беа многу имотни за разлика со мене. Со сите имав добра комуникација, освен со сама себе кога ќе се вратев дома размислував како ќе учам во темно, учев на свеќа. Во училиште сите си купуваа храна од продавница, бурекџилница јас носев од дома или мајка ми ќе замолеше некој да ми даде да јадам за да опстанам. Целата ситуација траеше со години се додека не дојдов тука, кажа Акиевска.

Мери додаде дека е горда на своето минато и испрати мотивирачка порака до сите они кои немаат услови да дадат се од себе, да веруваат во себе бидејќи се е остварливо и можно.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...