16.8 C
Ohrid
среда, мај 22, 2024
ПочетнаМакедонијаВо гостиварско Врапчиште запленети 4,3 тони марихуана вредна 10 милиони евра

Во гостиварско Врапчиште запленети 4,3 тони марихуана вредна 10 милиони евра

Денеска (15.12.2023) година од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога и полициски службеници од ОВР Гостивар и надлежен Јавен Обвинител од ОЈО Гостивар, по претходно издадена Наредба од Основен суд Гостивар од правно лице во село Врапчиште – Гостивар, одземена е марихуана во вкупна количина од 4341 килограми, вредна над 10 милиони евра.

Наведената количина е одземена по донесена Одлука на Владата на РМ за одземање на Одобрението за одгледување на канабис за медицински цели на наведеното правно лице поради констатирани неправилности во работењето. Имено, во изминатиот период од страна на полициски службеници од Одделот за крим полиција и ОВР Гостивар во координација со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели беше извршена вонредна контрола при што се констатирани бројни неправилности во работењето, за што од страна на ОВР Гостивар до ОЈО Гостивар е поднесена кривична пријава по член 95 в од Законот за контрола на опојни дроги.
По донесувањето на одлуката на Владата на РСМ, 4341 килограми наркотична дрога марихуана е одземена и сместена во Агенција за управување со одземен имот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Не сум бил во бегство и не смеам да зборувам за истрагата“, вели Палевски !!

Денеска во Основниот кривичен суд, пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски. Палевски...

Палевски спроведен пред судија на претходна постапка

Љупчо Палевски Палчо попладнево е однесен пред судија на претходна постапка. Палевски е осомничен дека за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој е...

ДНК снимија песна во чест на починатите пријатели Мирко и Марјан

Популарното дуо ДНК ја промовираше новата песна ,,Животе брате” која е создадена во чест на нивните пријатели Мирко Петровски и Марјан Михајловски Маци, кои...

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камени мост – засега не е познат неговиот идентитет

Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот...