18.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаЧистокрвен „Бугарин“: Новинари на „Фикс фаре“ купиле потврда за бугарско потекло за...

Чистокрвен „Бугарин“: Новинари на „Фикс фаре“ купиле потврда за бугарско потекло за помалку од 100 илјади леки во Голо Брдо !!!

Најпопуларната истражувачка програма „Фикс фаре“ на Топ чанел во вечерашната емисија со глас и слика покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од вистинското потекло.

За 100.000 леки (100 леки – 1 евро) новинарите купиле две такви потврди потпишани и заверени со печат, од Љуан Мјештри, администратор на административната единица Острени.
Потврдите ги добивме со доставување фотокопии од потврди, на жител на Патос, со баба и дедо од административна единица Требиште и втората за жител на Стеблево, со баба и дедо од Стеблево, општина Либражд. Потеклото на двете семејства немале никаква врска со административната единица Острени, наведува телевизијата.

Додава дека овие потврди се издаваат за сума од 90 или 100 илјади леки и се користат за добивање бугарски пасош.
Фикс фаре“ ги пренесува првите разговори со вработениот во административната единица Острени, кој за документот побарал 85.000 леки, со што утврдил дека 50.000 се за автентичноста и 35.000 за нотар, а вработениот го носи кај администраторот за потпис, велејќи дека не треба да оди самиот. Вработениот ги добива парите во државната канцеларија и за два часа го дава сертификатот со печат и потпис од администраторот.

-Првата потврда е добиена како граѓанинот, роден во Патос од Фиер, да припаѓа на бугарското малцинство, родителите на лицето се од населбата Челебија од Требиште, административна единица која нема никаква врска со Острени. Втората ја „продаде” генералниот секретар на општината Фитим Бала, на жител на Либражд. Родителите на вториот се родени во Стеблево, административна единица која не е поврзана со Острени, се посочува во емисијата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...

Пронајден охридскиот автомобил кој беше украден ноќеска!!!

Автомобил „Сеат Леон“ беше украден ноќеска во центарот на Охрид. Како што дознаваме возачот паркирал пред една самопослуга и влегол во неа, по што крадците...