20 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаУниверзитетска клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) законски бара националност по распишаниот...

Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) законски бара националност по распишаниот оглас за нови вработувања

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) законски бара националност по распишаниот оглас за нови вработувања, се оправдуваат денес министерот за здравство Фатмир Меџити и премиерот Димитар Ковачевски.

<

Р Е К Л А М А
Обајцата сметаат дека националноста не е мерило за професионалноста, но институциите морале да постапат законски и да наведат која националност недостасува за да се обезбеди правична застапеност.

„Пред објавување на конкурс огласот се одобрува од Управниот одбор на клиниката на која е огласен. Според член 5 од законот за вработени во јавниот сектор, предвидена е обврска за планирање на вработувања во јавниот сектор согласно начело за соодветна и правична застапеност. Во член 20 од истиот закон е прераспределба на бројот на планирани вработувања да биде соодветно за одржување на правичната застапеност. Ова го предвидува законот. Се согласувам дека искуството и знаењето е пред се“, рече министерот Меџити на истата прес конференција на која заедно со премиерот најавија дека имаат одобренија за вработувања на неопределено време за 1117 лица место досегашните вработувања со договор на дело.

Во одбрана на вработувањата врз основа на националност излезе и премиерот Димитар Ковачевски. Објасни дека таков е законот и дека огласот мора да го почитува законот.

„Јас сум кажал многу пати, етничка припадност не може да биде професија. Етничка припадност е професија само во Западен Балкан, никаде на друго место во светот. Ќе ви дадам еден пример. Кога беше пандемијата од Ковид – 19 голем број наши сограѓани имаат потреба од клиниката за Инфективни болести. Таму ако се сеќавате беа Демири, Цана и Стевановиќ. Тоа беа клучните тројца доктори. Етничка припадност не игра улога во професионалност. Ние треба да го смениме законот, тоа е“, рече премиерот Ковачевски.

Покрај огласот за вработувања на ГАК, од утре здравствените работници кои досега работеле со договор на дело ќе имаат можност да аплицираат за вработувања на неопределено време на истите работни места.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ прашуваат зошто на фестивалот “Охридско Лето” нема албански музичари !!

На Ахмeти и ДУИ почна да им пречи и Охридско лето. Им сметало што на овој меѓународен фестивал, со 65- годишна традиција немало доволно...

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...