14.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаOтсекогаш сум бил ВМРО, затоа го напуштам СДСМ, вели Љубе Бошкоски

Oтсекогаш сум бил ВМРО, затоа го напуштам СДСМ, вели Љубе Бошкоски

spot_imgspot_img

Oтсекогаш сум бил ВМРО, затоа го напуштам СДСМ, вели Љубе Бошкоски.

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, вели дека неговата одлука за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, која сѐ уште не е конечна, е од чисто идеолошка причина.

Во изјава за Фокус тој вели дека неговата идеологија е ВМРО.

По ослободителната пресуда во 2016-2017 за „Ровер”, кога излегов од суд кажав дека доколку новото раководство се огради од Никола Груевски јас ќе размислам да се вратам како коалициски партнер. Немам никакви услови и барања, пратенички места, советнички, вработувања… Сето тоа е од идеолошки причини. Немав барања ниту од СДСМ, важно беше да се сруши режим. Ниту пак некогаш ќе зборувам против нив, како што тоа сега го прават други, а сѐ уште се на раководни места. Јас советничкото место за странски инвестиции го напуштив пред половина година со резултати зад мене, а примањата ги донирав на помалку имотните од мојата партија. Борбата беше да се сруши режимот и да се вратиме таму каде што идеолошки припаѓаме, сакам да бидам во десницата – појаснува Бошкоски.

Бошкоски вели дека апсолутно е сигурен дека актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се оградил од експремиерот Никола Груевски.

– Ветено ми е од Мицкоски дека нема никаква врска или соработка со Груевски – потенцира Бошкоски за Фокус.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...