20.4 C
Ohrid
вторник, мај 20, 2025
ПочетнаМакедонијаПет години и десет месеци затвор и две години и два месеца...

Пет години и десет месеци затвор и две години и два месеца затвор за двајцата обвинети за грабнувањето на Самоил

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пет години и десет месеци затвор за првообвинетиот Виктор Милановски и две години и два месеца затвор за второобвинетиот Саша Челиќиќ за грабнувањето на Самоил Костадиновски кој исчезна пред една година.

<

Според обвинителството и судот освен овие обвинети во грабнувањето учествувал и Александар Трпковски кој е во бегство и други лица.
Го грабнале оти зел дрога од 4 килограми и не ја платил.

Обвинетиот Милановски заедно со Трпковски, лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на Самоил, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да ја плати претходно украдена наркотична дрога – роба во количина од 4 килограми.

Второто лице опфатено со Обвинителниот акт со умисла им помогнало, ставајќи им на располагање средство за извршување на кривичното дело – автомобил „Волво В40“ со скопски регистарски ознаки.

Со возилото обвинетите го однеле оштетениот на непознато место спротивно на неговата волја. Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога- јавува Фокус.

Со цел да се прикријат трагите, возилото со кое е извршено кривичното дело и во кое последен пат бил виден оштетениот, било опожарено во Драчево.

Ф.Ф.С. Извор Фокус.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Матурант од Струмица пронајден починат.

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на местото викано Крива Река, бил...

Изгоре семеен автомобил на бизнисмен од Битола, и два други паркирани до него, дознава „АПЛА“

Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво...

На саемот во Нови Сад за 770.000 евра продаден комбајн за берење компири !!

Ова е најскапата машина на Новосадскиот саем – комбајн за берење компири во вредност од 770.000 евра +ДДВ. Уникатен комбајн за компир, кој има можност...

Имаат тешки изгореници по грбот: Објавени нови фотографии од изгорениците на младите од Пулс!

Објавени се нови фотографии од повредите на младите кои беа дел од трагичниот настан во клубот Пулс, каде што неколкумина преживеаја со тешки изгореници...