14.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаПо 11 години бегство Тигрите го уапсија разбојникот на ПроКредит Банка, Идриз...

По 11 години бегство Тигрите го уапсија разбојникот на ПроКредит Банка, Идриз Рустеми

spot_imgspot_img

Лицето Р.И. (34) едно од осомничените за грабежот на Прокредит банка по кого била распишана потерница, вчера бил уапсен во тетово во Палма Мол, во ресторанот Емпириум, по што бил спроведен во ПС Тетово од каде бил спроведен во ПС Кисела Вода по што бил спроведен во КПУ Идризово.

Тој е осуден на 8 гoдишна казна затвор за вооружен грабеж кој се случи во Скопје во 2009-та година. Фатен од тигрите во Тетово, по претходна дојава.

Рустеми Идриз, (И.Р) е еден од ограбувачите на ПроКредит банка кој се случи во април 2009 година. Тогаш од експозитурата на Прокредит Банка беа украдени околу 50.000 евра, а за време на престрелките со калашникови ранети беа тројца полицајци.

Исто така, за време на грабежот на 10 април 2009 година повредени беа и неколку граѓани кои во моментите додека ограбувачите ја вршеле вооружената кражба, биле во просториите на ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.

Исто така, за време на грабежот на 10 април 2009 година повредени беа и неколку граѓани кои во моментите додека ограбувачите ја вршеле вооружената кражба, биле во просториите на ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.

Кривичниот суд во февруари 2010 година му изрече казна затвор од осум години на Флорим Малоку од Косово, првообвинет за грабежот на Прокредит банка, во центарот на Скопје. Иста казна добија и Идриз Рустеми и Авдиљ Тахири, на кои им се судеше во отсуство, додека Бислим Тахири за помагање заработи пет години затвор.

Флорим Малоку, кој во ноември 2017 година беше пуштен на слобода, преку неговиот профил на социјаланата мрежа Фејсбук јавно му се заблагодари на македонскиот премиер, Зоран Заев, како и на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како што пишува тој „лидер на Албанците во Македонија“.

 

 

 

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...