18.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Многу сум разочаран што не ми дозволува Сејдини да се сретнам...

Заев: Многу сум разочаран што не ми дозволува Сејдини да се сретнам со фудбалерите, но јас сум упорен и ќе најдам начин како да се сретнам со нив !!!

Фудбалерите ме поканија да се сретнеме и јас со задоволство прифатив, но претседателот на ФФМ, господинот Мухамед Сејдини не дозволи средба, изјави премиерот Зоран Заев.

Но, Заев е упорен да се види со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија, во пресрет на дебито на Европското првенство..

– Господинот Сејдини не дозволи средба ниту во просториите на ФФМ, ниту во ресторан. Сепак, јас и фудбалерите деновиве ќе се сретнеме и веќе ги поканив таа средба да биде во Владата. Јас немам ништо против Сејдини, но тој треба да ги почитува законите. Не може раководството да го бираат делегати од општински фудбалски организации (ОФС), а да не го прават тоа членовите на фудбалските клубови. Јас само упатив апел челниците од ФФМ да го почитуваат Законот, а не да работат на своја рака. Лично немам ништо против Мети, ниту го сакам неговото место, ниту имам некој свој за таа позиција. Едноставно еве и од овде повикувам да се почитуваат законите, рече Заев во интервјуто за ТВ Клан.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...

Пронајден охридскиот автомобил кој беше украден ноќеска!!!

Автомобил „Сеат Леон“ беше украден ноќеска во центарот на Охрид. Како што дознаваме возачот паркирал пред една самопослуга и влегол во неа, по што крадците...