3.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМинистрите на ЕУ ги усвоија заклучоците: Датум за преговори за Македонија нема..

Министрите на ЕУ ги усвоија заклучоците: Датум за преговори за Македонија нема..

Очекувано, Бугарија го потврди ветото на Советот за општи работи. Иако на вечерашната прес-конференција зборот блокада воопшто не беше споменат, претседатавачот со ЕУ Гашпар Довжан оцени дека се надева оти процесот ќе продолжи понатаму со новата бугарската Влада, но не прецизира кога. Првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија се очекуваат што е можно поскоро, стои во заклучоците.

“Советот со нетрпение го очекува одржувањето на првите меѓувладини конференции со Македонија и со Албанија што е можно поскоро по одобрувањето на преговарачките рамки од страна на Советот” . Ова се наведува во денешните заклучоци за проширувањето кои ги усвоија министрите и претставниците на земјите членки на Европската унија на состанокот.

Прашан зошто нема временска рамка во заклучоците за прва меѓувладина конференција како досега, Довжан одговори дека не е невообичаено да има измени во предложениот текст .

„ Некои чекори кои првично беа предвидени, не се остварливи оваа година. Она што начелно предвидовме да го постигнеме не беше изводливо оваа година и ова е фактичката причина зашто „оваа година“ не се појавува повеќе во заклучоците. Треба да ја усвоиме преговарачката рамка, ова е друг процес што треба да отпочне што е можно поскоро. И бидејќи имаме нова Влада во Бугарија, оптимисти сме дека ќе се тргне по одамна поставениот пат што е можно побрзо, изјави Довжан.“

Во дел од заклучоците објавени на сајтот на Европскиот совет за добрососедството и регионалната соработка Советот потсетува на важноста на постигнување опипливи резултати и спроведување со добра волја билатералните договори, вклучително Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...