16.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаДрама во Гостивар: Не ја сакаат во класот бидејќи е со...

Драма во Гостивар: Не ја сакаат во класот бидејќи е со Даунов синдром, родителите на Амбла сакаат таа да учи со врсниците, но родителите на другите не го дозволуваат тоа.

spot_imgspot_img

Амбла Адеми не може да продолжи да следи настава заедно со нејзините другарчиња. Не дека не сака, туку родителите на другите ученици не сакаат таа да биде во ист клас со нивните деца, само затоа што Амбла малку е поинаква од другите, има еден хромозом повеќе, има Даунов синдром.

И покрај обидите на нејзините родители за таа да го продолжи школувањето со нејзините врсници, Амбла заврши сама во посебна училница, поради ултиматумот од страна на родителите на другите ученици до управата на училиштето.

Таткото на Амбла, Илир Адеми раскажува дека таа од септември имала образовен асистент но често требало да ги менува класовите и учителите, што е доста заморно за едно дете со посебни потреби.

„Беше кај салата за претстави, сама со асистентот. Родителите одржале состанок, каде што била присутна и жена ми и не се согласила таа да учи неколку часа таму, сама со асистент и само на часовите за вештини да биде во училница со нејзините врсници. Плус тоа, да менува три класови, секои две недели да менува по една наставничка. Тоа не е нормално за дете кое нема проблеми а не за ќерка ми која има Даунов синдром. Ние како родители инсистира ме таа да биде во клас со нејзините врсници и да се интегрира со нив,“ вели таткото на Амбла.

Директорот на основното училиште Башкими, Зијадин Нуредин и вели дека Амбла со нејзините врсници учи само на неколку наставни часа, така како што се д оговориле со родителите на другите деца.

„По состанокот со родителите кои бојкотираат, се договоривме со сите родители, со родителите на Амбла, одговорното лице за образование и ние како институција, да не ги следат сите часови заедно, првично само физичко образование, музика и ликовна образование да ги држи со другите ученици а другите часови со асистентката која ја има,“ вели Нуредини.

Но наставата во посебно одделение не е добра идеја смета директорот на Здружението за лица со посебни потреби „Заедно можеме“ Шпенд Салија. Вели дека овие деца имаат право да учат и да се интегрираат со нивните врсници.

„Многу се вознемирив од овој случај, тоа е злосторство, може да се смета за злосторство бидејќи и се одзема правото за образование и тоа е исто како да ви се одземе правото за живот. Тоа е предвидено и со закон, треба да се казнат лицата кои го прекинуваат правото за школување на едно дете. Училиштата се едукативни – образовни институции, не се за реализирање на желбите на родителите бидејќи постои закон за начинот на кој функционираат училиштата. Плус тоа има и Закон за инклузивно образование со кој се предвидува секој дете да има право на школување,“ вели Салија.

Останува да видиме дали Амбла ќе продолжи да следи настава заедно со пријателите и пријателките од одделението. Нејзиниот татко вели дека ќе продолжи да бара правда за ќерката и очекува институциите да делуваат за овие случаи. Апелираше институциите, општеството и родителите да се сензибилизираат и овие деца да ги примат меѓу нив такви какви што се.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!

Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот...

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...