13.4 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаСамо 5,2 отсто од Европејците сакаат да ја видат Македонија во ЕУ?

Само 5,2 отсто од Европејците сакаат да ја видат Македонија во ЕУ?

Во светлината на руската воена интервенција во Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара итно членство на земјата во ЕУ, предлагајќи тоа да се направи според „нова специјална процедура“. Истиот ден кога Зеленски го побара тоа, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека „Украина е една од нас и ја сакаме во ЕУ внатре“

Во меѓувреме иако државата е далеку од полноправно членство на ЕУ а овој процес во однос на случувањата засега е невозможен бидејќи Украина сè уште не е прифатена како официјален кандидат земја, сепак неодамнешно истражување на „Југов“ во клучните земји на ЕУ (Германија, Франција, Шпанија и Италија) говори дека Брисел не е многу расположен за брзо проширување на Унијата со нови членки.

Имено, резултатите од анкетата спроведена врз грѓани во Германија, Франција, Шпанија и Италија наведува дека жителите од овие земји, не се многу расположени за ново проширување со државите кандидатки за ЕУ меѓу кои е и Македонија.

Според „Југов“ околу 22 отсто од граѓаните на овие клучни земји членки на ЕУ сакаат Украина да биде дел од ЕУ. Интересно е што Македонија единствено 5,2 отсто од испитаниците во овие земји посакуваат да влезе во Унијата. Нешто повеќе расположение меѓу Европејците за влез во ЕУ од нас имаат Црногорците, каде само 7,2 отсто од жителите на Унијата сакаат таа земја да влезе во еврозоната.

Извор: Статиста/Обработка на податоци: Слободен печат – Иван Самарџиев
Најнепопуларен кандидат за влез во Унијата во моментов е Турција каде 32,25 отсто од Европејците се против оваа земја да влезе во Унијата. На истражувањето негативно гледаат за влезот на Србија во ЕУ околу 4, 75 отсто од испитаниците и за Албанија околу 1,75 отсто од граѓаните во овие земји не сакаат оваа држава да биде полноправна членка.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...