16.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаЗакани по животот на градоначалничката Арсовска, откако ги отпушти рамковните на ДУИ...

Закани по животот на градоначалничката Арсовска, откако ги отпушти рамковните на ДУИ кои не оделе на работа!

spot_imgspot_img

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска доби закани од висок функционер на ДУИ откако заедно со директорката на о ЈП Комунална хигиена Скопје, Косана Мазнева решија да расчистат со рамковните вработени во претпријатието.

Имено 33 лица со години биле вработени со договор на дело, но не доаѓале на работа. Арсовска и Мазнева донесоа одлука истите договори на дело да не ги продолжат поради фактот што вработените не ги извршувале своите работни задачи и не се појавувале на работните места.

-Данела немој да мислиш дека си нашла „планина без волк“ и можеш да правиш што сакаш!!

Закани кон Градиначалничката на Скопје Данела Арсовска упати Директорот на УЈП Скопје, Абдул Селам Селами затоа што во Комунална Хигиена им се прекинати договорите на 33 лица што со месеци и години зимале плата, а не оделе на работа.

На 33 лица кои биле вработени, преку АПВ, во ЈП Комунална хигиена-Скопје кои месеци и години земале плата, а не оделе на работа, денес им завршија договорите и истите не се продолжени, известија претходно од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

„Во ЈП Комунална хигиена-Скопје мора да се стави крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните и посветено да се работи на подобрување на услугите и исполнување на нашите обврски кон граѓаните, потенцираат од таму.
Извор:Инфомакс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...