18.9 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаМакедонијаЏамбаски со писмо до Европската комисија: За Северна Македонија нема место во...

Џамбаски со писмо до Европската комисија: За Северна Македонија нема место во ЕУ

Копретседателот на ВМРО-БНД и бугарски европратеник Ангел Џамбаски ја алармирал Европската комисија за, како што вели, уште еден таргетиран чин на омраза кон претседателот на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола

-Оваа Македонија никогаш нема да биде во ЕУ! Уште една антибугарска, ксенофобна, недозволива, неприфатлива политичка репресија врз македонски Бугарин, поради неговата бугарска национална самосвест. Вечен срам и за „бугарските“ политичари, кои му свртеа грб на понижувачкото национално предавство, објавил Џамбаски.

Реакцијата на европратеникот доаѓа откако македонското Јавно обвинителство покренало обвинение за расизам и ксенофобија против Љупчо Георгиевски, претседател на здружението „Иван Михајлов“.

Џамбаски достави писмо до Европската комисија, барајќи одговори на прашањата „кога Комисијата ќе предложи прекин на преговорите со Северна Македонија, поради неисполнување на обврските во однос на почитувањето на човековите права и како ќе реагира на целното гонење на луѓето поради нивното самоопределување?“

-Овој случај, измислен и неоснован, е дел од серијата акции за заплашување на Бугарите во Северна Македонија. Ова е лицето на државната политика кон бугарската заедница. Не се споменува добрососедство и ветувањата на властите. Напротив, има акции за клевета и заплашување на секој кој отворено се декларира како Бугарин, посочува и копретседателот на ВМРО-БНД во своето писмо до Европската комисија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата.

По Фатмир Битиќи, и потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам...

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, поднесе оставка

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вечерва на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од...

Дебакл на градоначалничката на Скопје во ИЕ1 – освои 1.571 глас

Градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска која е претседателска на партијата Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови, премалку за...

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се јасни и немам намера подетално...