19.9 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Македонскиот јазик е семето на македонската држава и порив кој не...

Пендаровски: Македонскиот јазик е семето на македонската држава и порив кој не води со чест и достоинство

Денеска го чествуваме 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, заштитникот на нашиот идентитет, сегашност и иднина, коренот на нашето битие, ден кога ја славиме нашата посебност. Денеска оддаваме почит на македонскиот јазик кој е чувар на нашата колективна меморија, вечниот паметник на нашето постоење и лингвистичка гордост, изјави претседателот Стево Пендаровски по повод 5-ти мај – Денот на македонскиот јазик.

Претседателот порача дека македонскиот јазик со долга усна и писмена традиција е семето на македонската држава и порив кој не води со чест и достоинство да го остваруваме и сочуваме нашето место во светот.

Затоа, имаме обврска кон идните поколенија да го чуваме, развиваме и афирмираме македонскиот јазик како наш влог за иднината, да ги поддржуваме домашните и меѓународните научни истражувања за македонскиот јазик и неговите дијалекти, да ги негуваме особеностите на македонскиот јазик и правилно да го употребуваме за да го зачуваме за идните генерации.

Но, да не ги заборавиме и нашите предци и нивната борба за докажување на посебноста на македонскиот јазик. Се потсетуваме на сите, кои со своето дело, низ вековите се вградиле во писмениот македонски јазик. Меѓу нив е Крсте Петков Мисирков, кој ни укажуваше дека јазикот е нашето духовно благо. Со пиетет го споменуваме кодификаторот на македонскиот јазик, Блаже Конески, кој не учеше дека јазикот ни е нашата единствена неподелена татковина.

Во годината кога ја одбележуваме стогодишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, еден од основоположниците на современата македонска книжевност, сакам да укажам на неопходноста да вложуваме повеќе во македонскиот јазик и литература бидејќи само така ќе бидеме достоинствен дел од европскиот културен и образовен простор, вели Пендаровски во своето обраќање.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

БОЈАН МАРИЧИЌ НЕ УСПЕА ДА СТАНЕ ПРАТЕНИК, ВО ПРВАТА ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА

Во Град Скопје, односно во сите скопски општини, СДСМ на вчерашните парламентарни избори освои 35.847 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 123.974. На локалните избори во 2021...

Потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата.

По Фатмир Битиќи, и потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам...

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, поднесе оставка

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вечерва на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од...

Дебакл на градоначалничката на Скопје во ИЕ1 – освои 1.571 глас

Градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска која е претседателска на партијата Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови, премалку за...