19.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаUncategorized @mkСе изработуваат бисти за 12 младинци стрелани во минатото во Ваташа

Се изработуваат бисти за 12 младинци стрелани во минатото во Ваташа

Во чест на 12 -те Ваташки младинци, кои во минатото беа стрелани во Ваташа, во тек е изработка на 12 бисти кои ќе бидат претставени на 16 јуни, како и Спомен соба која ќе биде свечено отворена на денот кога се навршуваат 80 години од нивната смрт, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Оттаму појаснија дека по тој повод, на 16 јуни ќе има пригодна културна програма за одбележување и оддавање почит за нивната храброст и непокорност.

Претходно, како што информираше МИА, директорката на Вински музеј Кавадарци, Весела Честоева соопшти дека музејска спомен соба и 12 бисти на стреланите Ваташки младинци подготвува Локална самоуправа Кавадарци во месноста Моклиште. Носител на активностите е кавадаречката општина.

Честоева како претседателка на Одборот за подигање на споменици, појасни дека заседавало ова тело и ги разгледало идејните решенија, што пристигнале на јавниот конкурс објавен од Општината.

– На јавниот конкурс за идејно решение за подигање на 12 бисти на 12 Ваташки другари, пристигнаа четири идејни решенија. За јавниот конкурс за архитектонско здание спомен соба, музеј, посветен на 12 деца, пристигна само еден идеен проект. Одборот заседаваше, направи разгледување и евалуација на пристигнатите идејни решенија и консензуално ги утврдивме првите три награди што беа и дел од јавниот конкурс, за бисти за стреланите младинци. Првата награда ја доби правно лице, со управител Димитар Самарџиев, скулптор од Кавадарци, појасни Честоева.

Во врска со јавниот конкурс за избор на идејно решение архитектонски монтажен објект спомен соба, пристигнала само една понуда, од Ванчо Недев, магистер по архитектура од Кавадарци, а таа била избрана со консензус од страна на одборот од девет члена формиран од Советот на општината.

Честоева додаде дека за оваа цел, од општинскиот буџет, се издвоени околу два милиона денари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно...

По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила

Почитувани, По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила ,со звучна и светлосна сигнализација...

Тројца малолетници од Тетово фрлиле свој соученик од прозор !!!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 01.04.2024 во...