14.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаДелегации од Слупчане на состанок со владата и претставници на ЕВН

Делегации од Слупчане на состанок со владата и претставници на ЕВН

Слупчанци попладнево седнуваат на маса со ЕВН. По вчерашната средба помеѓу жителите, заклучиле дека барањата им остануваат и отстапување нема.

Очекуваат раководството на ЕВН да стави потпис на документот кој и претходно беше споделен со јавноста а во кој има 13 точки со барања, меѓу кои сметките да не достигнуваат до 15 илјади денари, долговите кои ги имаат мештаните да се платат на рати, струјомерите да бидат исти како за сите во државата, а верските објекти да не плаќаат струја.

„Тој меморандумот што беше претставен, само некои мали финеси се бараат од нив, некои мали детали да се дефинираат, и мислам дека ќе се договориме. Состанокот е во 16 часот во Општина Липково, со градоначалникот, директорот на ЕВН, и не знам дали некој од Владата ќе има. Денеска треба да се сретнеме и да потпишеме некаков договор. Има позитивна атмосфера и мислам дека ќе завршиме како што треба.“ изјави за Канал 5 Зекирија Шаини, претседател на општински совет Слупчане.

Попладнево на состанокот кој ќе се одржи во општинската зграда, најавено е присуство и на градоначалникот на Липково.

А, по однос на нивните барања од ЕВН веќе се изјаснија дека ги разгледале и ќе се постапи единствено онака како што е уредено во законите кои важат за сите корисници без исклучок.

Претходно од компанијата најавија дека нивните екипи ќе започнат да работат на реконструкција на мрежата во Слупчане на 9ти август.

Ова следи откако Слупчане втор пат остана без струја, бидејќи според ЕВН 80% од жителите таму не плаќаат струја, ниту пак им дозволувале на екипите да влезат и да ја модернизираат мрежата. За решавање на проблемите во Слупчане интервенираше и Владата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца малолетници од Тетово фрлиле свој соученик од прозор !!!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 01.04.2024 во...

Македонски етнолог на страниците на Њујорк Тајмс

Александар Арабаџиев, етнолог произлезен од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ и мултиинструменталист со потекло од Радовиш, е учесник во ново меѓународно...

Османи: Влада со нелегитимни Албанци е исто како и влада без Албанци

Влада без легитимни Албанци е исто како Влада без Албанци, порача Бујар Османи од ДУИ во гостувањето на Канал 5 во „Само Интервју“. Тој...

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...