6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаЗабаваПочинал американскиот гангстер, познат мафијашки бос од Харлем: Шверцувал дрога на неверојатен...

Починал американскиот гангстер, познат мафијашки бос од Харлем: Шверцувал дрога на неверојатен начин, обвинителот му станал кум, а еве кој го глумел во филмот

spot_imgspot_img

Френк Лукас, некогашен нарко-бос од Харлем, според чија животна приказна е снимен филмот “American Gangster” од 2007-ма година, починал на 88 години.

Неговиот внук рекол дека Лукас починал во четвртокот во Њу Џерси.

Пораснал во Северна Каролина, а во 60-тите и 70-тите се пробивал во криминалната хиерархија на Харлем и станал голем трговец со дрога познат по набавките на големи количини хероин.

Тој рекол дека на тај начин заработил милиони, а властите заплениле повеќе од половина милион долари во кеш кога извршиле рација во неговата куќа во Њу Џерси во 1975-та година. Лукас потоа бил осуден на повеќедецениска затворска казна, но почнал да соработува со полицијата, па бил ослободен по пет години.

Кратко потоа повторно бил уапсен поради трговија со дрога, но на многу пониско ниво. Минал уште седум години во затвор, пред да биде ослободен во 1991-ва година..

Неговата приказна станала основа за филмот “American Gangster” на Ридли Скот, со Дензел Вашингтон во улога на Лукас и Расел Кроу како Ричард Робертсон. Робертсон бил обвинителот кој кривично го гонел Лукас, но подоцна му станал адвокат и пријател, па дури и кум на неговиот син.

Френк Лукас бил присутен на снимањето на филмот и го советувал Вашингтон за деталите како начините за носење на пиштол.

Филмот добил повеќе награди и номинации, но и привлекол внимание на некои детали од урбаните легенди за Лукас, како таа дека во текот на Виетнамската војна шверцувал дрога во САД во војнички шлемови.

Писателот Рон Чепесјук, коавтор на книгата за Френк Лукас, рекол дека никогаш не пронашол доказ или судски запис кој ги потврдува тврдењата за таканаречената “леш врска”. Лукас, меѓутоа, во 2008-ма година тврдел дека пренел хероин во ковчег, но само еднаш.

Филмските тврдења дека Лукас придонел во намалување на корупцијата во полицијата исто така се доведени во прашање, а група од некогашни агенти од Американската Агенција за борба против дрогата – DEA, поднела тужба тврдејќи дека филмот ја извртел вистината. Тужбата била отфрлена.

Што се однесува до улогата во снабдувањето со хероинот кој убил многумина од оние кои го користеле, Лукас во 2007-ма година рекол дека многу жали поради тоа.

“Правев ужасни работи. Многу ми е жал што ги правев. Навистина ми е жал”, рекол тој. Последниот судир со законот Лукас го имал во 2012-та година, кога се изјаснил како виновен за измама со чекови. Поради слабото здравје бил осуден на условна казна.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...