12.9 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаЗабаваВо Франција 120.000 луѓе потпишаа петиција за еден петел да може да...

Во Франција 120.000 луѓе потпишаа петиција за еден петел да може да кукурика наутро

spot_imgspot_img

Смее ли петел да кукурика в зори е дрматичното прашање што ја подели Франција, а одговорот ќе го даде судот отако ќе ги утврди фактите на тужителите и на тужениот.

Тужениот се вика Маурицио. Тој е петел, чија судбина ја вознемири Франција, па на интернет повеќе од 120.000 луѓе ја потпишаа петицијата „Да му дозволиме на петелот слободно да кукурика“. Процесот го следат светски познати медиуми, како СНН, „Гардијан“…

Епицентарот на случувањата е селото Сент Пјер на Атлантикот, во кое живеат 7.000 луѓе, повеќето француски пензионери, кои, по мир и море, се доселиле овде по пензионирањето. Но, една таква брачна двојка пензионери решиле да го тужат гласниот петел кој секое утро ги будел во 6.30 часот и им го нарушувал мирот и сонот. Но, кога ја поднеле тужбата, ни на сон не им било на двјцата сопружници колкав публицитет ќе добие сето тоа. Еден од аргументите дека тие имаат предимство пред петелот е што тие во селото се доселени во 2004 година, а петелот се испилил дури во 2017, па, како староседелци во оснос на него, не смеел да ги вознемирува.

Во четвртокот се одржало првото судско рочиште. Пред судот дошле многу селани со петли во рацете во знак на поддршка на Маурицио. Сопственичката на петелот, пак, ангажирала адвокат, кој одбраната ја темели врз основа на тоа што петелот кукурикал со нормален интензитет, како сите нормални припадници на тој вид, а тоа што кукурикањето им пречело на доселениците во селото бил нивни проблем.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...