20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаДебарцаДодека едните го бришат Охрид од УНЕСКО овој човек успеа Белчишкото блато...

Додека едните го бришат Охрид од УНЕСКО овој човек успеа Белчишкото блато да го стави во заштитено Европско подрачје

Вчера во Општина Дебрца се одржа обука за зачувување и одржлив развој на Белчишко Блато (Сини Вирој).

Обуката е во рамките на проектот Подобрување на управувањето и одржливо користење на Белчишко Блато (Сини Вирој), кој го спроведува здружението „Екотуризам 2016“ и канцеларијата на UNDP, Скопје а финансиран од ЕУ со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање. На обуката присуствуваа претставници од општина Дебрца и засегнати чинители од областа на блатото.  Проектниот раководител Ѓоко Зороски и градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески истакнаа дека општината го трасира патот за прогласување на блатото за заштитено подрачје.

 

За тоа како се селектираат потенцијални Натура 2000 подрачја и предизвици и бенефити од европската мрежа Натура 2000 во контекст на земјоделството, шумарството, сточарството и туризмот,  говореше експертот Богољуб Стеријовски.  За земјоделските практики за одржливо управување со земјиштето и користење на природните ресурси во областа на блатото, стручно предавање одржа проф. д-р Сузана Јордановска.

Обуката е дел од проектните активности кои меѓу другото опфаќаат изградба на туристичка инфраструктура на блатото, мониторинг на заштитени видови од флората и фауната од блатото, изработка на студии, документарен филм, веб страница и кампања за придобивките од Белчишкото Блато од туристички и истражувачки активности.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...