16.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаКОСТАДИНОВ: Македонците се презадоволни што им даваме „зелената нафта“

КОСТАДИНОВ: Македонците се презадоволни што им даваме „зелената нафта“

spot_imgspot_img

Денеска сум помеѓу граѓаните на мојот струмички регион каде што со земјоделците разговаравме за мерката зелена нафта, преку која тие ќе имаат можност да набавуваат поевтина нафта за земјоделска механизација од 30 отсто, изјави денеска портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.

Очигледно е и задоволството кај земјоделците од оваа мерка која што за мене, а и за нив од разговорите, обезбедува три клучни работи, а тоа е намалување на трошоците за производство, секако обезбедување на многу поконкурентни земјоделски производи и трето и најважно преку оваа мерка враќаме пари директно назад кај земјоделците односно ги подобруваме семејните буџети на земјоделците. Само преку оваа мерка обезбедуваме околу 200 милиони денари или над 3 милиони евра назад директно кај земјоделците, рече Костадинов.

За тој кој колкав износ ќе добие појасни:

Од тоа кој колкав износ ќе земе зависи, нормално, од производството, видот на производството кој го има пријавено за субвенции. Вреди да се спомене дека највисокиот износ кој што може да го имаат на картичките е лимитиран на 100 000 денари. Преку мерката „Зелена нафта“ практично заокружуваме еден циклус мерки преку кои го унапредуваме земјоделието и допринесуваме за подобар стандард кај земјоделците и нормално, ве уверувам дека како одговорна и државотворна партија дополнително ќе ги засилуваме активностите, мерките во однос на земјоделието, затоа што сите знаеме дека земјоделската гранка е една од најважните стопански гранки во РС Македонија, рече Костадинов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...